Починаа трудницата и бебето од сликата која го обиколи светот по бомбардирањето на породилиштето

пред 3 години

Почина трудницата чиј лик го обиколи светот по руското бомбардирање на породилиштето, јавува Асошиетед прес. Почина и бебето.

Асошиетед прес сними бремена жена на носилка која спасувачите ја носат низ урнатините до амбулантно возило.

Според последните информации од агенциите, таа веднаш била пренесена во друга болница каде лекарите се бореле да ја одржат во живот. Агенциите пишуваат дека кога сфатила дека ќе го изгуби бебето, извикувала „Убијте ме сега!“

Хирург од болницата изјавил дека жената е донесена во тешка состојба, дека и се смачкани карлицата и колкот и дека лекарите направиле царски рез за да се обидат да го спасат бебето. За жал, бебето не давало знаци на живот, па, според зборовите на хирургот, тргнале да го спасат животот на мајката.

„Ја реанимиравме мајката повеќе од 30 минути, но за жал не успеавме. И бебето и мајката починаа“, изјави хирургот.

Агенциите пишуваат дека во хаосот по нападот, лекарите не можеле да го дознаат нејзиното име, но нејзиниот сопруг и татко сепак дошле по нејзиното тело.

Share
Scroll to Top