Првата реакција на Украина: Ова не го замислувавме ниту во нашиот најлош кошмар

Првата реакција на Украина: Ова не го замислувавме ниту во нашиот најлош кошмар

пред 4 месеци

Олександр Мережко, украински пратеник од партијата на претседателот Зеленски, рече дека е „шокиран“ од веста дека Соединетите Држави ја запираат воената помош за Украина.

Говорејќи за „Њуздеј“ на Би-би-си, тој рече: „Она што се случува е неверојатно. Ниту во моите најлоши кошмари не можев да замислам дека Трамп може да ја спречи воената помош за Украина во време кога ни е најпотребна“.

Мережко смета дека американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да ги турка Украина и Европа настрана за да постигне договор со Русија.

„Мислам дека господинот Трамп треба сериозно да размисли како ќе остане запаметен во историјата. За мене ова е ден кој ќе остане во историјата како срамен“, заклучи тој.

Текстот Првата реакција на Украина: Ова не го замислувавме ниту во нашиот најлош кошмар е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top