Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн планира да се омажи за својот долгогодишен партнер во текот на летото на јужната хемисфера.
Во интервју за Радио Кост, Ардерн рече дека таа и Кларк Гејфорд конечно го одредиле датумот на венчавка откако објавија дека се свршиле пред две години, пренесе АП.
Таа не го прецизираше точниот датум, освен што рече дека тоа ќе биде во текот на летото на јужната хемисфера, кое трае од декември до февруари.
Ардерн и Гејфорд имаат двегодишна ќерка Нева.
Во 2018 година, таа стана втора избрана светска лидерка во модерната историја која родила додека била на функција.
Гејфорд работи како презентер во телевизиска емисија за риболов.