Премиерот на Холандија во Киев: Дијалогот со Русија е решение

пред 4 години

Премиерот на Холандија, Марк Руте, апелираше денеска на итен дијалог за да се реши кризата со Русија, при неговото патување во Киев.

Тој повтори дека е решен да обезбеди правда за семејствата на жртвите од авионот што се урна во источна Украина во 2014 година.

Марк Руте е последниот во низата европски лидери, по британскиот и полскиот премиер, кои солидарно го посетија Киев, откако, според Ројтерс, Русија акумулирала десетици илјади војници во близина на украинската граница.

Share
Scroll to Top