На Украина ѝ требаат уште половина милион регрути, мажите повеќе не сакаат да војуваат

Претседателот на Финска: Нема услови за преговори со Русија, единствениот начин да се постигне мир е – борба

пред 2 години

Финскиот претседател Александар Стуб изјави дека воената акција е единствениот начин за постигнување мир во Украина и дека нема услови за преговори со Русија.

„Во конкретниот случај, единствениот начин да се постигне мир е да се бориме“, рече Стуб во интервју за Си-ен-ен.

Тој истакна дека постигнувањето мир е двонасочен процес.

Според неговите зборови, потребно е двете страни да „вкрстат патишта во некоја фаза, кога ќе се создадат услови за тоа“.

Стуб изјави дека не знае кога ќе се појават потребните услови за тоа.

„Во моментов немаме никаков политички дијалог со Русија. И мислам дека не можеме ниту треба да го водиме“, заклучи финскиот претседател.

Текстот Претседателот на Финска: Нема услови за преговори со Русија, единствениот начин да се постигне мир е – борба е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top