Набргу откако почнаа да се шират теориите дека авионот бил соборен од руска ракета, реагираше портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.
„Би било погрешно да се изнесуваат какви било хипотези пред заклучоците на истрагата. Ние, се разбира, нема да го сториме тоа и никој не треба да го прави тоа. Мора да почекаме истрагата да биде целосно завршена“, рече Песков.
Владини извори на Азербејџан денеска потврдија за Еуроњуз дека падот на авионот во кој загинаа 38 патници, од кои некои преживеаја, при слетување во близина на градот Актау во Казахстан бил предизвикан од руски проектил земја-воздух.
Истата информација ја пренесе и „Ројтерс“ повикувајќи се на четири извори.
Текстот Пристигна реакција на Кремљ: Погрешно е да се изнесуваат хипотези е превземен од МАКФАКС.