Спасувачите во Чукотка, Русија, пронајдоа авион што беше пријавен за исчезнат, а сите три лица во него – пилотите и еден патник – се живи и добија повреди со разна тежина, изјави шефот на регионот, Владислав Кузњецов.
Кузњецов на „Телеграм“ напиша дека, според прелиминарните информации, сите три лица во авионот се живи, а во моментот кога бил пронајден авионот, во него имало копилот и патник и дека пилотот тргнал пеш за да бара локација за комуникација, пренесе „РИА новости“.
Од главната управа на Министерството за вонредни состојби претходно за „РИА новости“ изјавија дека авионот „ан-2“, со три лица во него, престанал да комуницира во Чукотка.
Спасувачите тргнале со хеликоптер и теренски возила во потрага по исчезнатиот авион.
„Ан-2“ припаѓа на авиокомпанијата „Стриж авија“, која лета на релација Певек – Пољарни – Певек.
Кузњецов подоцна изјави дека спасувачкиот хеликоптер, кој полетал во потрага по „ан-2“, бил повлечен поради лошите временски услови.
Кузњецов истакна дека пилотите и патникот ќе бидат пренесени во болница во утринските часови доколку времето дозволи.
Текстот Пронајден исчезнат авион во Русија, тројцата членови на екипажот се живи е превземен од МАКФАКС.