Проруските сепаратисти тврдат: Не сме користеле хемиско оружје

пред 3 години

Проруските сепаратистички сили во регионот на Доњецк негираа дека користеле хемиско оружје во јужниот пристанишен град Мариупол, објави руската новинска агенција Интерфакс.

Едуард Башурин, командант на сепаратистите, изјави дека хемиски агенси не биле користени и покрај тврдењата од Украина дека руските сили извршиле хемиски напад.

Заменик-министерката за одбрана на Украина, Хана Маљар, претходно изјави дека Киев ги проверува информациите дека Русија можеби користела хемиско оружје во нападот на Мариупол.

Share
Scroll to Top