Просечната плата во Хрватска е 1.540 евра

Просечната плата во Хрватска е 1.540 евра

пред 53 минути

Просечната месечна нето плата во Хрватска во јули 2026 година изнесуваше 1.540 евра и беше номинално за еден процент пониска отколку во јуни, а во реалност, земајќи ја предвид инфлацијата, за 0,8 проценти, објави Централниот завод за статистика (CBS), пренесува Индекс.хр.

Во споредба со минатиот јули, просечната исплатена нето плата беше номинално за 7,2 проценти повисока, а во реалност за 3,2 проценти. Највисоката просечна плата е исплатена овој јули во секторот за воздушен транспорт и изнесува 2.398 евра, според соопштението на CBS, додека најниската, во износ од 1.005 евра, е исплатена во секторот за производство на облека.

Просечната месечна бруто плата во јули изнесуваше 2.164 евра, што е номинално пониско за 0,9 проценти и реално за 0,7 проценти во споредба со претходниот месец. Во споредба со истиот месец минатата година, таа беше номинално повисока за 8,2 проценти и реално за 4,1 процент.

Највисоката просечна бруто плата во јули од 3.514 евра е исплатена во секторот за воздушен транспорт, а најниската бруто плата од 1.344 евра исплатена во секторот за производство на облека.

Текстот Просечната плата во Хрватска е 1.540 евра е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top