Протести во Париз против задолжителната вакцинација, полицијата употреби солзавец

пред 3 години

Француската полиција употреби солзавец против демонстрантите во Париз кои протестираат против задолжителната вакцинација и воведувањето на задолжителни ковид-пасоши.

Планирани се големи демонстрации во повеќе од 150 француски градови, вклучувајќи ги Монпеје, Бордо, Марсеј, Ница и Нант.

Ангажирани се повеќе од 3.000 полицајци за обезбедување на „чувствителните локации“.

Над 160.000 луѓе се собраа на слични протести минатата недела, а околу 110.000 минатиот викенд.

Share
Scroll to Top