Неколку лица се повредени во пукотницата во близина на универзитетот во градот Хајделберг во Германија.
Според ГБН, полицијата и спасувачите се на лице место, а се уште нема точни информации за бројот на повредени.
Непознат напаѓач наводно отворил оган во една од аудиториумите во реонот на Универзитетот.
По акцијата на припадниците на безбедносните сили тој бил застрелан и од здобиените повреди починал.
Полицијата преку Твитер објави дека имало поголема интервенција во Нојнхајмер Фелд.
– Според досегашните информации едно лице таму повредило неколку лица. Нонхајмер Фелд моментално е затворен, а деталите се уште не се познати – навела полицијата.
Според известувањето на телевизијата „SWR“, Универзитетот побарал од своите студенти да не доаѓаат.
Полицијата ги повика граѓаните да го заобиколат овој дел од градот, во кој се сместени ПМФ, како и клиниката на Универзитетот во Хајделберг.