Путин: Москва ќе дејствува доколку НАТО ги премине црвените линии

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе биде принудена да реагира доколку НАТО ги премине своите „црвени линии“ во однос на Украина, наведувајќи дека Москва ќе го разгледа распоредувањето на одредени офанзивни ракетни капацитети на украинска територија како „активатор“.

„Доколку некои ударни системи се појават на територијата на Украина, времето на летот до Москва ќе биде 7-10 минути, а пет минути во случај на употреба на хиперсонично оружје. Само замислете го тоа“, рече претседателот на Русија.

На инвестицискиот форум во Москва, Путин рече дека се надева оти здравиот разум ќе надвладее на сите страни, но дека сака НАТО да биде свесен за загриженоста на Русија во однос на сопствената безбедност и во однос на Украина, пренесува Ројтерс.

Share
Scroll to Top