Путин донесе одлука да одговори на украинската инвазија на Курск, тврдат Русите

Путин нареди бројот на војници да се зголеми за 180.000

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ѝ нареди на армијата на земјата да го зголеми бројот на своите војници за 180.000 на вкупно 1,5 милион во време кога воената операција на Москва во Украина трае повеќе од две и пол години.

Указот на Путин, објавен на официјалната веб-страница на владата, ќе стапи во сила на 1 декември. Со него се определува вкупниот број руски воен персонал на речиси 2,4 милиона, вклучително и 1,5 милион војници, и ѝ наредува на владата да ги обезбеди потребните средства.

Претходното зголемување на бројот на руски војници беше минатиот декември кога со декретот на Путин вкупниот број на руски воен персонал беше околу 2,2 милиона, вклучувајќи 1,32 милион војници.

Текстот Путин нареди бројот на војници да се зголеми за 180.000 е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top