Путин најавува силен одговор ако се случи ракетен напад со Томахавк: „Нека размислат за тоа“

Путин најавува силен одговор ако се случи ракетен напад со Томахавк: „Нека размислат за тоа“

пред 5 часа

Рускиот претседател, Владимир Путин, упати остро предупредување до Соединетите Американски Држави, најавувајќи дека Русија силно ќе одговори во случај на напад со американски ракети „Томахавк“ на нејзина територија, објавија руските државни медиуми.

„Ако таквото оружје се користи за удар врз руска територија, одговорот ќе биде многу силен. Да не кажам – зачудувачки. Нека размислат за тоа“, рече Путин.

Тој ги нарече разговорите за можноста за испорака на вакви ракети во Киев обид за ескалација на конфликтот.

Рускиот претседател ги опиша новите американски санкции против Москва се непријателски чин што не ги зајакнува руско-американските односи. Како што оцени, новите санкции нема да имаат значително влијание врз економската благосостојба на земјата.

Рускиот претседател, исто така, рече дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за влијанието на ситуацијата со руската нафта врз цените низ целиот свет, вклучително и во САД.

 

„Ова ќе доведе до нагло зголемување на цените на нафтата и нафтените производи, вклучително и на бензинските пумпи. И САД не се исклучок. И со оглед на внатрешниот политички календар на САД, јасно е колку чувствителни ќе бидат некои процеси во овој поглед. И оние што наметнуваат такви одлуки на сегашната администрација мора да разберат за кого работат“, рече Путин.

Вчера, САД објавија дека воведуваат нов пакет санкции против Русија, кој вклучува мерки против најголемите нафтени компании Роснефт и Лукоил и нивните подружници.

Текстот Путин најавува силен одговор ако се случи ракетен напад со Томахавк: „Нека размислат за тоа“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top