Русија ќе продолжи континуирано да испорачува природен гас на светските пазари, соопшти денеска рускиот претседател Владимир Путин во писмо објавено на Енергетската конференција во Доха, пренесува „Ројтерс“.
Пораката доаѓа во време кога САД и нивните европски сојузници се подготвени да објават нови санкции кон Русија, откако Путин ја призна независноста на Донецк и Луганск и испрати руски војници во двата региона во источна Украина.