Русија ќе ја зајакне својата сила и суверенитет во светот кој брзо се менува, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин во видео обраќање по повод Меѓународниот ден на детето.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Рускиот лидер упати честитки до учениците, нивните родители и наставници, пренесува агенцијата ТАС С.
„ Живеете и растете во многу динамично време кога светот брзо се менува“, рече Путин.
Тој рече дека верува оти Русија ќе ја зајакне својата сила, независност и суверенитет во овој комплициран свет.