Европа ќе има помалку гас и нафта од Русија, но ќе има повеќе проблеми, изјави рускиот претседател Владимир Путин, коментирајќи ја одлуката на Европејците да се откажат од руските енергетски извори.
– Обидите за ограничување на испораките на руско гориво на странските пазари ќе имаат последици за самите Европејци. Самата Русија никогаш не ги ограничила испораките никаде, а одлуките на европските лидери не се ниту мудри ниту избалансирани, изјави тој.
На седницата на Комисијата за развој на енергетскиот комплекс и еколошка безбедност, Путин рече дека Киев не ги запира своите обиди да ги нападне руските рафинерии и други капацитети, и покрај повикот на американскиот претседател Доналд Трамп да не го прави тоа.
– Одмаздничките акции од наша страна се неизбежни, рече тој.
Тој додаде дека ситуацијата на пазарот на нафтени производи е сè уште сложена.
Според Путин, руските компании, без оглед на геополитичките околности, заземаат водечки позиции на глобалните енергетски пазари.
Како што истакна, овој сектор е лидер во однос на модерните технологии и напредните компетенции.
Тој, исто така, истакна дека државата успеала да ја зачува стабилноста на внатрешниот пазар на горива.
По највисоките нивоа забележани на почетокот на октомври, цените на бензинот во најголем дел се стабилизираа во повеќето руски региони, рече Путин.
Текстот Путин ја предупреди Европа: Ќе имате помалку руски гас и нафта, но многу повеќе проблеми е превземен од МАКФАКС.





