Рама објави укинување на забраната за „Тик-ток“ во Албанија

Рама објави укинување на забраната за „Тик-ток“ во Албанија

пред 3 месеци

Албанскиот премиер Еди Рама објави дека социјалната мрежа „Тик-ток“ повторно ќе биде достапна во Албанија.

Рама во интервју за „Политико“ истакна дека албанската влада постигнала партнерство со претставници на социјалната мрежа и дека набргу ќе претстави нови мерки за заштита на јавноста во оваа земја.

„Задоволни сме од резултатот. Постигнавме партнерство и се надевам дека во наредните недели или месеци ќе го презентираме планот пред албанските граѓани, како што ветивме“, рече Рама.

Албанската влада го забрани „Тик-ток“ пред една година кога објавите на платформата предизвикаа тепачка меѓу млади, во која 14-годишно момче беше избодено до смрт.

Текстот Рама објави укинување на забраната за „Тик-ток“ во Албанија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top