Регистриран е првиот случај на новиот вид корона во Европа

пред 3 години

Белгија го забележа првиот случај на новиот вид на коронавирус кој се шири во Јужна Африка, изјави министерот за здравство.

Министерот соопшти дека варијантата Б1.1.529 е откриена кај невакциниран патник кој влегол во Белгија и бил позитивен на 22 ноември, пренесува Де Морген.

Претходните случаи беа ограничени на Јужна Африка, Боцвана и еден случај во Хонг Конг, увезен од патник.

Share
Scroll to Top