Русија со проектили го погоди воениот аеродром во близина на украинскиот југозападен град Одеса, уништувајќи беспилотни летала, проектили и муниција испорачани на Украина од САД и европските сојузници, соопшти руското Министерство за одбрана.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Високопрецизни ракети ‘Оникс’ ги погодија логистичките центри на воениот аеродром во регионот на Одеса преку кои се доставува оружје од странство“, соопшти Министерството за одбрана.
$bp(“Brid_51572845”, {“id”:”26456″,”width”:”762″,”height”:”429″,”video”:”1005307″,”autoplay”:0,”shared”:true});
„Уништени се хангарите во кои се наоѓаа беспилотните летала „Бајрактар ТБ2“, проектили и муниција од САД и европските земји“, се вели во соопштението.
Руските ракети и артилерија исто така погодија различни воени цели низ Украина, вклучително командни центри, арсенали и противвоздушни ракетни системи С-300, се додава.
Гувернерот на Одеса, Максим Марченко изјави дека ракетниот напад на пристаништето на Црното Море се случил синоќа, а во нападот има мртви и ранети.