Русите тврдат дека заземале големо воено складиште со илјадници тони оружје во близина на Харков

пред 2 години

Русија тврди дека окупирала воен магацин во близина на Харков и дека сега има под контрола илјадници тони украинска муниција.

Ова го објави новинската агенција ТАСС, повикувајќи се на руското Министерство за одбрана.

Веста не е независно потврдена, но претходно денеска украинските власти соопштија дека Русите извршиле офанзива во областа.

Во самиот Харков, според украински извори, Русите ја погодиле салата за венчавки и главниот пазар. Се додава дека има и жртви.

 

Share
Scroll to Top