Русите ја гранатирале командата на украинските воздухопловни сили

пред 3 години

Украинската армија денеска соопшти дека руските сили со проектили ја нападнале командата на украинските воздухопловни сили во западна Украина.

Според извештајот, нападот предизвикал значително уништување на инфраструктурата.

„Денеска околу 16.30 часот руските окупатори извршија ракетен напад врз командата на украинските воздухопловни сили во Виница“, се вели во соопштението.

„Русите истрелаа вкупно шест крстосувачки ракети. Со некои од нив беше погодена нашата противвоздушна одбрана. Други погодија неколку објекти и предизвикаа значително уништување на инфраструктурата“, се вели во соопштението.

Share
Scroll to Top