Русија го обвини ОБСЕ: Шпионираат за Киев и ги прикриваат украинските злосторства

пред 3 години

Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) соработува со украинската влада и се обидува да ги прикрие злосторствата на украинските екстремистички сили, изјави рускиот заменик претставник во ОН на состанокот на Советот за безбедност.

Дмитриј Полјански ги критикуваше западните сили, велејќи дека се лицемерни во врска со безбедносната криза во Украина.

„САД и нивните сојузници ги следат сопствените себични интереси, а не интересите на украинскиот народ, кога поттикнуваат непријателства во оваа источноевропска земја“, рече дипломатот.

„Ги добивме најновите докази за тоа колку се валкани вашите трикови. Имаме докази дека Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина едноставно шпионирала за Киев“, рече тој.

Официјалниот претставник посочи дека Русија собира повеќе докази за да започне постапка против набљудувачите.

Share
Scroll to Top