Москва денеска го прошири списокот на лица на кои им е забранет влез во Русија. Тоа е одговор на санкциите воведени од Западот, кои им забрануваат на многу руски функционери и олигарси да влезат во западните земји.
Последната мерка на Русија вклучува забрана за американската потпретседателка Камала Харис и основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг. На портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, исто така му е забранет влез во Русија.
На списокот се најдоа 29 американски функционери, новинари и бизнисмени.
„На овие луѓе им е забранет влез во Русија на неодредено време“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.