Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека Русија не претставува закана за Европа и нема да биде иницијатор на третата светска војна.
„Русија е премногу голема и одговорна земја за да стане иницијатор на третата светска војна“, рече Песков и додаде дека и САД ги разбираат последиците од таков конфликт, објави Спутник.
Тој оцени дека Москва е загрижена за милитаризацијата на европските земји и обидите да ја претстави Русија како непријател, наведувајќи дека европските земји испорачуваат оружје на Украина и споделуваат сателитски разузнавачки податоци со Киев.
„Би сакал да ѝ посакам на Европа ново, мудро политичко водство“, рече портпаролот на Кремљ.
Тој утврди дека европските земји ја користат Украина како средство за продолжување на конфликтот со Русија, но и дека, според него, незадоволството од присуството на украински бегалци се зголемува во некои земји. Зборувајќи за Европската Унија, Песков оцени дека таа се трансформира од економски во економско-воен блок, што, како што изјави, ќе бара дополнителни мерки од Русија за зачувување на националната безбедност.
Според него, европските даночни обврзници го гледаат зголемувањето на воените средства и континуираната помош за Украина како неопходни чекори. Коментирајќи ги односите меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, Песков рече дека билатералните односи се уште се на многу ниско ниво, но дека дијалогот меѓу Москва и Вашингтон е „прилично добар“.
Кога станува збор за американскиот претседател Доналд Трамп, Песков рече дека американскиот претседател претпочита да ги решава проблемите преку преговори, што е пристап близок и на руската страна, пренесува Танјуг. „Ова не значи дека ќе се согласиме за сè, но важно е да продолжиме да разговараме едни со други“, заклучи Песков.
Текстот Русија не е закана за Европа и нема да започне светска војна, вели Песков е превземен од МАКФАКС.





