Естонското Министерство за одбрана соопшти дека руски хеликоптер „ми-8“ минатата сабота на две минути влегол во областа на регионот Коидула, пренесува „Бизнис инсајдер“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Практично тоа значи дека рускиот хеликоптер се нашол на територијата на НАТО.
Кусти Салм, висок претставник на Министерството, рече дека Русија симулира ракетни напади врз Естонија и додаде дека заканата за земјата е на највисоко ниво во историјата, објави „Скај њуз“.
Упадот на хеликоптерот во естонскиот воздушен простор се случил само десет дена пред големиот самит на НАТО во Мадрид, кој е закажан за 29 јуни.
Земјите членки на НАТО ќе разговараат за тоа како да ја зајакнат алијансата во светло на руската агресија против Украина.
Во меѓувреме, растат и тензиите на релација Москва – Литванија.
Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, денеска изјави дека одговорот на Москва на литванската забрана за транзит на стока до ексклавата Калининград ќе биде не само дипломатски туку и практичен.
„Едно од главните прашања беше дали одговорот ќе биде чисто дипломатски. Одговорот е не“, рече Марија Захарова на неделниот брифинг. „Одговорот нема да биде дипломатски, туку практичен“, додаде таа.