Групата Седум игра опасна игра упатувајќи агресивни критики кон Кремљ, затоа што ја турка Русија поблиску кон Кина, изјави за „Ројтерс“ рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин.
Министрите за надворешни работи на Г7 ги прекорија Кина и Русија претходно месецов, нарекувајќи го Кремљ злонамерен, а Пекинг силеџија, но, освен зборови, имаше некои конкретни чекори освен изразување поддршка за Тајван и за Украина.
Келин рече дека критиките на Г7 се пристрасни, конфронтациски и поттикнуваат антизападни чувства кај Русите, а агресивниот став само ги доближува Русија и Кина.
„Ова е опасна игра. Русија и Кина имаат огромен потенцијал на различни полиња – во економијата, во технологијата, во воените капацитети, во политиката“, посочи Келин.