Руте: На Путин не може да му се верува

Руте: На Путин не може да му се верува

пред 2 часа

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека потенцијалниот мировен договор во Украина мора да биде формулиран на таков начин што неговото почитување ќе биде во интерес на самата Русија, бидејќи, како што тврди тој, рускиот претседател Владимир Путин „не е сигурен партнер“. Пораките на Руте ги пренесува германскиот „RND“.

Тој нагласи дека Западот мора да се погрижи Москва „никогаш повеќе да не се осмели да нападне“, бидејќи, според него, последиците за Русија во тој случај би биле „катастрофални“. Покрај тоа, генералниот секретар на НАТО наведе можна временска рамка за завршување на војната, но не ги прецизираше деталите.

Руте ја повтори тезата дека „на Путин не треба да му се верува“ и дека се потребни повеќе гаранции и посилни механизми за да има трајна вредност секој договор.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин претходно, за време на средбата со словачкиот премиер, остро возврати на изјавите на западните претставници, нарекувајќи ги „специјалисти за хорор филмови“ поради, како што рече, хистеријата околу наводните руски планови за напад врз една од западните земји.

Путин ги окарактеризира овие тврдења како провокативни или „целосно некомпетентни“, додавајќи дека на сите им е јасно дека Русија „немала, нема и никогаш нема да има желба да нападне никого“.

Фото: ЕПА

Текстот Руте: На Путин не може да му се верува е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top