САД воведоа санкции за 12 пратеници и сопругата и децата на Дмитриј Песков

пред 3 години

САД воведоа санкции за 12 пратеници на руската Државна дума, односно на Долниот дом на парламентот и на сопругата и возрасните деца на прес секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс.

Според Прајс, тие 12 пратеници учествувале во процесот на признавање на самопрогласените Доњецк и Луганск народни републики (ДНР и ЛНР), пренесе ТАС С.

Сепак, тој не кажа за какви санкции станува збор.

Share
Scroll to Top