Соединетите држави, Германија, Франција и Обединетото Кралство повикаа на итна деескалација во Сирија по ненадејната офанзива на бунтовничките фракции предводени од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС).
Во заедничката изјава, четирите членки на НАТО повикаа на деескалација од сите страни и заштита на цивилите и инфраструктурата со цел да се спречи понатамошно раселување и прекин на хуманитарниот пристап.
„Сегашната ескалација само ја нагласува итната потреба за политичко решение на конфликтот во Сирија, во согласност со резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН“, се вели во соопштението на американскиот Стејт департмент, повикувајќи се на резолуцијата на ОН од 2015 година за поддршка на мировниот процес во Сирија.
Текстот САД, Германија, Франција и Велика Британија повикуваат на „деескалација од сите страни“ во Сирија е превземен од МАКФАКС.