Стејт департментот на САД ги повика Американците да не патуваат во Русија, наведувајќи го „неиспровоцираниот и неоправдан напад на руските воени сили во Украина“ и „можноста за вознемирување на американските граѓани од руски владини безбедносни службеници“.
Предупредувањето доаѓа откако Министерството ги предупреди Американците во Русија да ја напуштат Русија додека се’ уште има комерцијални летови од таа земја.