САД и Србија отворија ново поглавје: Договорена соработка во енергетиката, одбраната и 5Г

САД и Србија отворија ново поглавје: Договорена соработка во енергетиката, одбраната и 5Г

пред 5 часа

Американскиот државен секретар Марко Рубио и српскиот министер за надворешни работи Марко Ѓуриќ во Вашингтон го предводеа првиот стратешки дијалог меѓу САД и Србија, со кој, според заедничкото соопштение, започнува нова фаза во партнерството меѓу двете земји.

Во рамки на дијалогот, САД и Србија потпишаа Меморандум за разбирање за енергетската инфраструктура и регионалната енергетска безбедност. Вашингтон ја поздрави и одлуката Србија да продолжи со проектот за хидроелектраната „Ѓердап 3“, оценувајќи го како значајна инвестиција во регионалната енергетика.

Двете земји најавија и гаранција за кредит од 50 милиони долари од американската Извозно-увозна банка за „Телеком Србија“ за развој на 5Г мрежата со доверливи добавувачи.

Во областа на одбраната, САД и Србија ја потврдија заложбата за продлабочување на воената соработка, а Белград побара набавка на американска одбранбена опрема. Вашингтон најави и дополнителни 1,5 милиони долари за проекти за цивилно деминирање.

Соработката ќе се прошири и во вселенските програми, образованието и науката. Србија ќе се приклучи на програмата „Артемис“, а двете држави потпишаа и меморандум за заедничко финансирање на програмата за стипендии „Фулбрајт“. Србија најави и отворање нови конзулати во Мајами и Сан Франциско.

Текстот САД и Србија отворија ново поглавје: Договорена соработка во енергетиката, одбраната и 5Г е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top