САД: Ризикот од ескалација на војната значително се зголемува откога Украина ги нападна руските бомбардери

САД: Ризикот од ескалација на војната значително се зголемува откога Украина ги нападна руските бомбардери

пред 11 месеци

Пратеникот на Соединетите Американски Држави во Украина, Кит Келог, денес изјави дека ризикот од ескалација на војната во Украина значително се зголемува откога украинските сили употребија беспилотни летала за да ги нападнат руските бомбардери со нуклеарна бомба во неколку воздушни бази длабоко во земјата.

Украина соопшти дека нападнала аеродроми во Сибир и на далечниот север од Русија во текот на викендот погодувајќи цели до 4.300 километри од фронтовските линии на конфликтот, објави „Ројтерс“.

„Ви кажувам, нивото на ризик значително се зголемува, мислам по она што се случи овој викенд. Луѓето мора да разберат дека кога напаѓате дел од националниот систем на противникот во областа на националната безбедност, што е нивната тријада, нуклеарната тријада, тоа значи дека вашето ниво на ризик се зголемува затоа што не знаете што ќе прави другата страна. Не сте сигурни“, изјави Келог за „Фокс њуз“.

Текстот САД: Ризикот од ескалација на војната значително се зголемува откога Украина ги нападна руските бомбардери е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top