„Самата војна е злосторство против човештвото, на луѓето им треба мир“, рече папата Франциск

„Самата војна е злосторство против човештвото, на луѓето им треба мир“, рече папата Франциск

пред 9 месеци

Папата Франциск денеска, по читањето на неговата неделна молитва во Ватикан, рече дека војната е „злосторство против човештвото“, и го повтори својот повик за мир во Украина и на Блискиот Исток.

„Да не го заборавиме тоа. На луѓето им треба мир, на светот му е потребен мир“, рече папата.

Тој со молитва ги повика луѓето да не ги заборават оние кои во повеќе делови на светот страдаат поради „суровоста на војната“, а во неколку наврати повика на прекин на војната во Украина и Газа.

„Да се ​​молиме оние кои имаат моќ над овие конфликти да размислат за фактот дека војната не е начин за нивно решавање, имајќи предвид дека таа сее смрт меѓу цивилите и уништува градови и инфраструктура“, кажа тој.

Текстот „Самата војна е злосторство против човештвото, на луѓето им треба мир“, рече папата Франциск е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top