Мачките во сопственост на Руси или одгледувани во Русија нема да можат да учествуваат на изложби и натпревари на Меѓународната федерација на одгледувачи на мачки, ниту пак ќе можат да се регистрираат во книгата за педигре на таа организација.
„Извршниот одбор на федерацијата е шокиран и ужаснат што армијата на Руската Федерација ја нападна Украина и ја започна војната. „Многу невини луѓе ги загубија животите, многумина беа повредени или принудени да ги напуштат своите домови“, се вели во соопштението на организацијата, објаснувајќи зошто се воведени санкции за руските мачки.
Се додава дека федерацијата ќе организира донации за да им помогне на одгледувачите на мачки во Украина, пренесува Спутник.