Северна Кореја го критикуваше Гутереш: Пјонгјанг го обвинува за пристрасност кон Сеул

Северна Кореја го критикуваше Гутереш: Пјонгјанг го обвинува за пристрасност кон Сеул

пред 10 минути

Северна Кореја го критикуваше генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, за повикување на намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров, обвинувајќи го дека е на страната на Сеул во врска со експлозијата на нагазна мина на границата, објавија денес севернокорејските државни медиуми.

Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг, оцени дека Гутереш зазел „пристрасен и неодговорен“ став повторувајќи ги, како што изјави, едностраните тврдења на Јужна Кореја за експлозијата во септември, објави Ројтерс.

„Однесувањето на генералниот секретар на ОН, кој ги повторува зборовите на провокаторите и им дава поддршка, иако нема правилно разбирање на фактите, не придонесува за намалување на тензиите“, рече Ким во соопштението објавено од севернокорејската новинска агенција КЦНА.

Портпаролот на ОН, Стефан Дижарик, изјави дека Антонио Гутереш ги повикал двете Кореи да продолжат со дијалогот, вклучително и разговорите на воено ниво, со цел да се избегнат несакани инциденти.

Тензиите се зголемија откако неколку јужнокорејски војници беа сериозно повредени во експлозија на мина во Демилитаризираната зона (ДМЗ) за време на извидувачка мисија во септември.

Сеул тврди дека експлозијата била предизвикана од севернокорејски мини, додека Пјонгјанг ја отфрли одговорноста, наведувајќи дека неговите сили спроведувале операција за гранична контрола во таа зона, што, според него, не претставува кршење на Повелбата на ОН или меѓународното право.

Текстот Северна Кореја го критикуваше Гутереш: Пјонгјанг го обвинува за пристрасност кон Сеул е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top