Седница на црногорската влада прекината поради расправија за санкциите кон Русија

пред 3 години

Седницата на црногорската влада во технички мандат денеска е прекината по кавга меѓу премиерот во заминување Здравко Кривокапиќ и министерот за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ, поради санкциите кон Русија, пишува подгорички „Вијести“.

Вицепремиерот и мандатар најави вонредна прес-конференција.

Од Владата било официјално соопштено дека седницата е прекината поради несогласувања во постапката за донесување на одлуката за примена на санкциите дефинирани со точките 11, 12, 13 од усвоениот дневен ред.

Share
Scroll to Top