Луѓето треба да носат маски дома за да спречат инфекција со коронавирус кога посетителите доаѓаат кај нив однадвор и не можат да одржуваат социјална дистанца, препорача Светската здравствена организација (СЗО).
Дополнително, маските треба да се носат дома за време на посетата ако не е јасно дали просторијата е добро проветрена, според новите упатства објавени во Женева.
СЗО претходно се залагаше за носење маски во простори каде што има метеж. Здравствената организација на ООН сега исто така препорачува поширока употреба на маски во здравствените установи.
Персоналот и другите работници кои не се вклучени во болничката нега се ставени на список на луѓе кои треба да ги покриваат носот и устата постојано.
Пациентите, исто така, треба да носат маски во ситуации кога ќе дојдат во близок контакт со други луѓе.