СЗО: Во светот 300.000 новозаболени од коронавирус во последните 24 часа

пред 4 години

Бројот на заразени лица од почетокот на пандемијата на коронавирусот во светот надмина 108,15 милиони, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Од ковид починале 2.381.295 пациенти, се додава во извештајот на СЗО, пренесува ТАСС.

Бројот на потврдени случаи се зголеми за 300.530, додека починаа 7.776 лица.

Во Европа е забележан најголем број на ковид-случаи (122.528), следуваат Северна и Јужна Америка (115.652) и областа на Источен Медитеран (22.938).

Share
Scroll to Top