Сите жени, деца и стари лица се евакуирани од опколената челичарница Азовстал во пристанишниот град Мариупол, соопшти денеска вицепремиерката на Украина Ирина Верешчук.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Наредбата на претседателот е извршена: сите жени, деца и стари лица се евакуирани од Азовстал. Овој дел од хуманитарната операција во Мариупол е завршен“, рече Верешчук, пренесе АП.
Руската новинска агенција ТАСС претходно објави дека денеска од фабриката за челик се евакуирани 50 цивили.