Околу три недели по првото откритие на мајмунски сипаници во Германија, бројот на заразени лица регистриран од Институтот „Роберт Кох“ (РКИ), Националниот институт за борба против заразни болести, се искачи на 113 и сите се мажи.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Во сите случаи на инфекција во Германија пријавени во РКИ, тоа се мажи“, соопшти денеска портпаролката на Институтот.
Институтот во вторникот имаше податоци за 80 случаи низ целата земја. Според претходните податоци, Германија се чини дека е една од европските земји со особено висок број на заразени, заедно со Велика Британија, Шпанија и Португалија.
Мајмунските сипаници се сметаат за помалку заразна болест во споредба со големите сипаници, кои се искоренети од 80-тите.
Според Институтот, вирусот обично се пренесува од човек на човек преку близок физички контакт. Експертите предупредија на можноста за понатамошно ширење на вирусот, на пример на претстојните фестивали и забави.
Според информациите од регионалната канцеларија на СЗО за Европа од минатата недела, досегашните податоци покажуваат дека епидемијата во европскиот регион на СЗО веќе била во тек кон средината на април. Ова е најголемата и географски најраспространета епидемија на мајмунски сипаници некогаш регистрирана надвор од ендемските области во Западна и Централна Африка.