Скандал во Белата куќа, Трамп наводно ја избркал Фон дер Лајен од состанокот

Скандал во Белата куќа, Трамп наводно ја избркал Фон дер Лајен од состанокот

пред 5 часа

Германскиот десничарски канал „n-tv“ објави сензационални информации дека на 18 август, за време на состанокот со европските лидери во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја замолил претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да ја напушти просторијата.

Според пишувањата, Трамп наводно рекол дека сака „зрел разговор со важни луѓе“ и дека „разговара само со државни лидери“.

Како аргумент, тој наводно истакнал дека претседателот на Европската комисија не е државен лидер, туку институционален претставник, и затоа не припаѓа на најтесниот круг учесници на средбата.

Но, веднаш по објавата, Европската комисија остро реагираше. Заменик-портпаролката Аријана Подеста ги нарече тврдењата „целосно неточни“ и истакна дека фон дер Лајен учествувала во сите дискусии рамноправно со другите лидери.

„Видовме извештаи во кои се тврди дека претседателката фон дер Лајен ја напуштила просторијата за време на состанокот со претседателот на САД и претседателот на Украина. Тие извештаи се целосно лажни“, напиша Подеста на мрежата „Х“.

 

На состанокот во Белата куќа, покрај фон дер Лајен, учествуваа и претседателот на Украина Володимир Зеленски, британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, претседателот на Финска Александар Стуб и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Текстот Скандал во Белата куќа, Трамп наводно ја избркал Фон дер Лајен од состанокот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top