Скелетот на диносаурусот Горгосаурус ќе се најде на аукција за прв пат и се очекува да достигне цена меѓу пет и осум милиони американски долари, објави „Сотби“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Аукциската куќа на 28 јули ќе го стави на продажба скелетот на диносаурус висок три метри и долг 6,70 метри. „Сотби“ наведува дека е еден од највредните диносауруси што некогаш се појавиле на пазарот.
Горгосаурусот талкал по земјата пред приближно 77 милиони години. Возрасен мажјак тежел околу два тона и бил малку помал од неговиот попознат роднина Тираносаурус рекс.
Палеонтолозите велат дека бил пожесток и побрз од Т-Рекс, со јачина на гриз од околу 42.000 њутни, во споредба со 35.000. Скелетот е откриен во формацијата на реката Џудит во близина на Авр, Монтана во 2018 година.
Ова е прв пат „Сотби“ да стави цел скелет од диносаурус на аукција откако го продаде T-Reкс Сју во 1997 година за 8,36 милиони долари.