Словенија се откажа од воведување задолжителна вакцинација

пред 3 години

Словенечките епидемиолози не и препорачуваат на владата да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19.

Сепак, тие сугерираат дека поради зголемениот број на инфекции со омикрон, негативните тестови за коронавирус не се користат како олеснување во работата и активностите, туку само потврда за вакцинација или болест.

Експертската група која работи во рамките на Словенечкиот институт за јавно здравје (NIJZ) и предложи на словенечката влада да ги заостри условите за работа и движење поради порастот на бројот на заразени, објави Словенечката новинска агенција (STA).

На неодамнешниот состанок на советодавното тело, беше заклучено дека задолжителната вакцинација во сегашната фаза на епидемијата нема да биде соодветна, но дека поради брзиот раст на новите инфекции во последно време, се препорачува од т.н. PCT-услови за активности и работа (прележани, вакцинирани, тестирани), да се воведе правилото ПЦ, што значи дека негативниот тест за коронавирус повеќе нема да важи.

Вакво решение веќе воведоа неколку европски земји, меѓу кои Австрија и Италија, но не се знае дали владата на Јанез Јанша веќе го разгледала предлогот и кога има намера да донесе одлука за него.

Владата есента минатата година одлучи да воведе задолжителна вакцинација за државната администрација, но таа беше оспорена и суспендирана од Уставниот суд.

Експертската група предложи владата да усвои стратегија во случај на нови бранови на епидемијата кои би можеле да ги оптоварат болниците и здравствениот систем.

Share
Scroll to Top