Словенија утре прогласува крај на епидемијата, но некои мерки ќе останат

пред 3 години

Во Словенија, во последните 24 часа се регистрирани само 24 инфекции со коронавирус, а сите други индикатори се многу поволни, така што владата нема да ја продолжи состојбата на епидемија, која завршува на 15 јуни.

Од 1.023 ПЦР тестови потврдени се 24 заразени или 2,3 проценти. Седумдневниот просек на инфекции во еден ден падна на 147, а двонеделната инциденца на 100.000 жители падна на 130.

Починале двајца пациенти со Ковид-19, соопшти словенечкото Министерство за здравство.

Од почетокот на епидемијата, починале 4.406 лица заразени со коронавирус, во болниците се 134 пациенти, а 26,1 процент од населението е целосно имунизирано со вакцини, објави Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ).

Владата најави дека по 15 јуни да ја продолжува состојбата на епидемија прогласена во вториот бран на 18 октомври, но некои епидемиолошки мерки ќе останат на сила.

Во преодната фаза, додека Словенија не влезе во т.н. зелена фаза според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (EЦДЦ), што се очекува кон крајот на јуни или почетокот на јули, носењето маска и натаму ќе биде задолжително во затворен простор.

Ограничувањата, како што е бројот на присутни во затворено, остануваат во сила, а условите за присуство на концерти и други настани сè уште ќе бидат негативен тест за коронавирус, прележан Ковид-19 или целосна вакцинација.

Владата го повтори својот апел до оние кои сè уште не одлучиле да се вакцинираат да го сторат тоа што е можно поскоро, бидејќи сега има доволно вакцини, а оваа недела ќе биде организирана и масовна вакцинација.

Share
Scroll to Top