Снежна лавина затрупа деца во Русија

пред 4 години

Снежна лавина зафати група туристи во областа Мурманск, има повредени, објави регионалниот истражен комитет.

Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација наведува дека во групата има тринаесет деца.

„Пристигна информација дека под снежната маса во атарот на селото Имандра, има и малолетничка. Туристичката група од Санкт Петербург се состои од 16 лица, од кои 13 се малолетни“, се наведува во соопштението на Министерството.

Според податоците од официјалните служби засега се бара едно дете.

Спасувачките единици веднаш излегле на местото на настанот. Меѓу нив има 53 лица и 18 единици опрема, вклучително и кинолози, потенцираат надлежните.

Инцидентот се случил на планините Хибин.

И инспекторите и вештаците по судска медицина излегоа на местото на настанот. Истражниот комитет спроведува истрага, информираат официјалните власти.

Share
Scroll to Top