Со автомобил ја удрил Данка, па телото со колегата го фрлил на депонија: работник на „Водовод“ го признал делото по пронајдените траги

Со автомобил ја удрил Данка, па телото со колегата го фрлил на депонија: работник на „Водовод“ го признал делото по пронајдените траги

пред 1 година

С. Ј. (50) од Злот е уапсен кога признал дека со колега ја убиле Данка Илиќ (2), а потоа нејзиното тело го фрлиле на дива депонија.

Во автомобилот биле пронајдени траги од крв по што била извршена ДНК-анализа и потврден е идентитетот на исчезнатата Данка Илиќ.

„Според планот за работа на компанијата, се знаеше кој го возел автомобилот во критичното време, а со проверка на базните станици, се потврди. Осомничените се приведени и веднаш го признале убиството“, вели изворот на „Блиц“.

„Припадниците на МВР, по десетдневна опсежна акција, по детаљни проверки на сите траги и информации, ги уапсија С. Ј.  (1974) и Д. Д. (1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека го убиле двегодишното девојче Данка Илиќ“, се вели во соопштението на МВР.

Двајцата осомничени во целост го признале делото, а во тек е претрес на теренот за потрага по телото.

Текстот Со автомобил ја удрил Данка, па телото со колегата го фрлил на депонија: работник на „Водовод“ го признал делото по пронајдените траги е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top