Советникот на украинскиот претседател Олексиј Арестович изјавил дека нивните загуби се сериозни, но дека се уште полоши на руска страна, во време кога продолжуваат жестоките борби на истокот на земјата.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Арестович додал дека Украина ја изгубила контролата врз некои градови и села, но изјавил дека загубите на Русија се огромни.
Кажал и дека Русија секојдневно губи по една чета војници, според агенцијата „Униан“.
Советникот на Зеленски додал дека украинските војници продолжуваат да спроведуваат успешна одбранбена операција.
Русија на почетокот на овој месец призна дека претрпе значителни загуби за време на инвазијата, но често не излегува со ажурирани бројки на загинати војници, јавува Би-Би-Си.
Во меѓувреме, бројот на цивилни жртви продолжува да расте додека беснеат борби на истокот на земјата. Регионалниот гувернер на Луганск повторно ги повика преостанатите цивили да се евакуираат.