Соединетите Американски Држави и даваат на Украина 200 милиони долари воена помош

пред 3 години

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска е во посета на Украина, во време кога администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден најави дополнителни 200 милиони долари одбранбена воена помош за таа земја.

Висок претставник на Стејт департментот рече дека помошта била одобрена кон крајот на декември како дел од напорите на САД да помогнат во заштитата на Украина, поради, според Вашингтон, зголемените стравувања од руска инвазија.

„Ние сме посветени на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и ќе продолжиме да и даваме на Украина потребната поддршка“, рече претставникот.

Share
Scroll to Top