Столтенберг: Без Европа, САД не можат да ја гарантираат сопствената безбедност

Столтенберг: Без Европа, САД не можат да ја гарантираат сопствената безбедност

пред 9 часа

Поранешниот генерален секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, оцени дека САД и понатаму во голема мера зависат од своите европски сојузници, и покрај критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон Алијансата.

Столтенберг, кој сега е министер за финансии на Норвешка, изјави дека одбраната на САД започнува на границата меѓу Европа и Русија, посочувајќи дека Норвешка има важна улога во следењето на руските подморници и во системите за рано предупредување за ракетни и воздушни закани.

Тој призна дека меѓу САД и Европа постојат разлики околу трговијата, климатските промени и безбедносните прашања, но нагласи дека најважно за зачувување на НАТО е европските земји да продолжат да ги зголемуваат инвестициите во одбраната. Како пример ја посочи Германија, која, според него, е на пат да стане најголемиот европски инвеститор во одбраната.

Текстот Столтенберг: Без Европа, САД не можат да ја гарантираат сопствената безбедност е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top